Вести Македонија Ударни вести

Лажна е пријавата за поставена бомба во училиште во Охрид

Сподели:

 

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Сподели: