ЛДП: Нов закон за легализација на канабисот за медицински цели

Сподели:

„Либерално Демократската партија преку пратениците во сообранието на РМ ќе достави предлог до новата влада на за носење на ново законско решение за легализација на канабисот за медицинска употреба и декриминализација за лична употреба.

Предлог законот ќе биде усогласен со потребите на сите засегнати страни и во соработка со граѓанскиот сектор.
Зголемената понуда на масло од канабис на црниот пазар е доволен факт дека актуелното законско решение се покажа како неуспешно.

Маслото од канабис мора да биде достапно до сите оние граѓани на кои навистина им е потребно, исто како што и канабисот за рекреативна употреба мора биде декриминализиран“, соопштуваат од ЛДП.

Сподели: