ДУИ: Размислуваме да се оди во опозиција, но да ја поддржиме владата предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев

Сподели

 

ДУИ денеска закажа седница на Централното претседателство на која ќе се расправа дали ќе влезе во владата предводена од СДСМ или ќе оди во опозиција.

Извори од ДУИ велат дека на средбата на лидерот на партијата Али Ахмети со британскиот министер за Европа и Америка Ален Данкан му соопштиле дека размислуваат да одат во опозиција, но да ја поддржат владата предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев, пренесува САКАМДАКАЖАМ.

Ахмети денеска изјави дека на седницата на претседателството ќе ги разгледуваат сите опции.