ЛДП: Повикуваме на присебност и ладни глави

Сподели

„Либерално-демократската партија е длабоко загрижена за политичката и општествена состојба во Република Македонија, по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го додели мандатот за формирање влада.

Но, како политички субјект не сме ниту зачудени, ниту пак изненадени од постапката на Иванов, кој одамна го загуби кредибилитетот на претседател на државата, а да не зборуваме за угледот на државник.

Она што Иванов требаше да го направи е да си поднесе неотповиклива оставка, затоа што граѓаните заслужуваат одговорен, стабилен и разумен претседател.

ЛДП смета дека во овој момент најважно од сѐ е граѓаните да не подлегнуваат на манипулации и потикнување на насилство, ниту на политичка, ниту на етничка основа.

Волјата на граѓаните искажана на 11-ти декември е јасна, а тоа е дека сакаат промена на власта. Затоа, повикуваме на присебност и ладни глави, бидејќи на Македонија и е потребен мир и економски развој, а не нови поделби и војни“, се вели во соопштението на ЛДП.