Сеад Кочан пристигна на распит во судот за случајот „Труст“

Сподели

Сопственикот на „Трансмет“ и на телевизијата „Нова“, Сеад Кочан, попладнево во 13 часот дојде во Кривичниот суд во Скопје.

Тој и Василије Авировиќ се двајцата осомничени во случајот „Труст“ за кои Специјалното јавно обвинителство бара од судот да им биде одредена мерка притвор.

Бизнисменот Кочан во судот влезе на главниот влез, придружуван од адвокатот Никола Додевски, кој е бранител на поголем дел од осомничените и од обвинитетите во случаите на СЈО.

Претходно во судот пристигнаа и обвинителите на СЈО, Артан Ајро и Гаврил Бубевски.

Судијата на претходна постапка треба да ги сослуша осомничените и да одлучи дали да го прифати или да го отфрли барањето на СЈО за притвор или ќе определи друга мерка за обезбедување на присуство.

meta.mk