Лекарите и здравствените работници на протест „ДОСТА Е!“ поради насилството врз нив

Сподели

 

Лекарите и здравствените работници денеска ќе протестираат во Скопје, поради нападите врз докторите и медицинските сестри во изминатиот период. Само последните 9 месеци се случиле 15 случаи на напади врз доктори.

Протестот под мотото „Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите“ ќе се одржи пред Клинички центар пред ГОБ 8ми Септември, пред стара Градска болница, пред поликлиниките и Здравствени домови, како и пред ординации, во нивното време за пауза, од 11 до 11.30 часот.

Протестот е во организација на Асоцијацијата на млади лекари специјализанти со поддршка од Синдикатот на Клинички центар и други здруженија на здравствени работници