Земјотрес во Грција, почуствуван во Битола и Охрид

Сподели:

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 08 часот и 47 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 140 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

фото-Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ

Сподели: