Левица бара присуство на родителите на седницата за интерпелација на Тошковски

Сподели

Во обраќањето по Интерпелацијата за министерот Тошковски, пратеникот м-р Сашко Јанчев од Левица укажа на длабоки и системски пропусти во МВР – од прикривање на одговорноста за трагедијата во Кочани, преку непостапување во случаи со незаконска употреба на пиротехника, до отсуство на дисциплински мерки за очигледни прекршувања на Законот за јавен ред и мир и Законот за полиција. Надлежни полициски службеници не се опфатени со истрагата, се избегнува одговорност, а јавноста добива, закани молк и партиска селекција наместо правда.

Според Јанчев, пратеникот од Левица, дискотеката без мака работела 13 години, Ташковски да сакал ќе ја затворел.

КРМОВ ПОБАРА, НО ГАШИ НЕ ДОЗВОЛУВА ПРИСУСТВО НА РОДИТЕЛИТЕ НА СЕДНИЦАТА ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА НА ТОШКОВСКИ

„По член 253 граѓаните на Република Македонија можат да ги следат седниците на Собранието и на работните тела од галериите во согласност со прописите на внатрешниот ред на Собранието. Јас барам, ако парламентарното мнозинство се чувствува толку силно, мислат дека сè што направиле е во ред, се осеќаат чесни, го бранат ревносно нивниот Министер за внатрешни работи Панче Тошковски, да ги отворат портите на Собранието за ние да ги пуштиме родителите на загинатите горе во галеријата да ја следат седницата”.