Вести Македонија

СЈО побара трето продолжување на куќниот притвор за Талески

Сподели:

vladimir-taleski (1)

Специјалното јавно обвинителство во петокот до Основниот суд Скопје 1 доставило предлог за продолжување на домашниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, потврди обвинителката Ленче Ристовска од СЈО за „Мета“.

– До Основен суд Скопје 1 во петокот поднесен е предлог за продолжување на мерката куќен притвор за битолскиот градоначалник Владимир Талески. Сега чекаме да видиме што ќе одлучи судот – вели Ристовска.

Ова е трето барање на СЈО за продолжување на притворот на Талески, кој му истекува денеска.

На битолскиот градоначалник му беше одреден куќен притвор на 16 јуни, а потоа му беше продолжен на 21 јули по барање на СЈО.

Талески е првоосомничен во случајот „Транспортер“, во кој СЈО го товари за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра.

Сподели: