Левица бара владеачкото мнозинство да го прифати предлогот за крај на грабежот со патарините

Сподели:

Македонските граѓани се жртви на државно спонзориран грабеж преку екстремно скапите патарини, кои никако не одговараат на катастрофалниот квалитет на патиштата!

Додека европските земји како Бугарија, Австрија и Швајцарија користат вињета систем што овозможува неограничено движење по прифатлива цена, во Македонија секој изминат километар е дополнителен удар врз џебот на народот!

Како стоиме во споредба со Европа?

– Бугарија: 7 дневна вињетка е 8€

– Австрија: 10 дневна вињетка е 9,90€

– Швајцарија: годишна вињетка е 42€

– Македонија: Табановце – Гевгелија (една насока) е над 6€

Колку тежат овие трошоци во споредба со платите?

Швајцарија – просечна плата: 5.500€

Австрија – просечна плата: 2.500€

Бугарија – просечна плата: 1.000€

Македонија – просечна плата: 700€

Ова значи дека додека еден Австриец за 10 дневна вињетка плаќа 0,4% од својата месечна плата, Македонецот за само една релација издвојува речиси 1% од својата плата, и тоа за руинирани автопати!

Потенцираме дека од позиција на власт, ќе воведеме вињета систем. Сметајќи дека актуелната власт не е спремна да го прифати тој предлог сега, пратеничката група на #Левица во Собранието предложи законски измени за:

Намалување на цените на патарините за 50% и

Законска регулација на висината и наплатата на патарините.

Време е владејачкото мнозинство ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ да се одважи во интерес на граѓаните и да го прифати овој предлог!

Доста беше организираниот грабеж – народот плаќа, а не добива ништо! – се наведува во денешното соопштение на Левица.

Сподели: