Левица демантира за наводна коалиција со било која друга партија

Сподели:

Левица во целост ги демантира дезинформациите што кружат во јавноста дека наводно преговараат за предизборни коалиции во пресрет на претстојните локални избори.

“Левица не води никакви разговори ниту со СДС, ниту со ДПМНЕ, а најмалку со ДУИ или било која друга партија за коалицирање.

Нашиот став по однос на предизборните коалиции е јасен и непроменет – забрана на предизборните коалиции!

Левица ќе настапи САМОСТОЈНО, без политички пазари и без партиски договори зад затворени врати.

Спроведениот јавен повик за кандидирање за градоначалници преку Левица е доказ за нашата отвореност кон граѓаните и потенцијалот на Републиката – поддржуваме луѓе со интегритет, без оглед дали се партиски членови или не, сè додека ја делат визијата за промена и конечно функционална локална самоуправа во служба на граѓаните”, се наведува во соопштението на Левица.

Сподели: