„Левица“ достави кандидатски листи до ДИК за 5 изборни единици, ова се носителите

Сподели

levica2

„Левица„ настапува со кандидати за пратеници во пет изборни единици.

 – Првпат една автентична левичарска партија која се гради од долу нагоре успеа да се кандидира самостојно на избори, изјави Здравко Савевски од „Левица“ по поднесувањето на листите.

Во првата изборна единица носител е Димитар Апасиев, во втората Трајче Стојанов, а во третата Марија Џонс. Четврата изборна единица ја предводи Митко Николов, а петата Здравко Савевски.