Вести Македонија Став Ударни вести

Во мирување е изградбата на „Центарот за Радиологија и Онкологија“

Сподели:

 

Како резултат на случувањата во последните 8 месеци поврзани со Клиника Жан Митрев, ја информираме јавноста дека принудени сме да ја ставиме во мирување изградбата на новиот радиолошко-онколошки центар во Катланово кој требаше да почне со реализација минатата година, соопштуваат од Клиниката Жан Митрев.
 
„Центарот за Радиологија и Онкологија“ е проектирана инвестиција вредна 45 милиони евра, која е планирана со учество на странски партнери. Предвидено е да се гради на локација во месноста Катланово во близина на Скопје каде треба да работат околу 350 медицински лица – доктори и друг медицински персонал. Радиолошко-онколошкиот центар планирано е да биде опремен со најсовремена апаратура за дијагностика и третман на тешко болни пациенти. Исто така, проектиран е и специјален дел наменет за рехабилитација и згрижување на пациентите засегнати од малигни и други заболувања. Со остварување на овој проект ќе се обезбеди врвна медицинска нега и третман за пациентите.
 
Се надеваме дека оваа година конечно ќе започнеме со изградбата на овој проект што е од исклучително значење за Македонија и регионот.
Сподели: