Вести Македонија Ударни вести

Личните документи од 23 до 27 јуни нема да се издаваат поради миграција на системот

Сподели:

 

Поради миграција во нов систем, од 23.јуни започнувајќи од 21 часот, заклучно со 27. јуни, до 21 часот, нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи: лична карта, пасош и возачка дозвола, соопштуваат од МВР.
 
Од тие причини се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во ИТНА постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за  личен документ на 22. 06. 2021 година, во текот на целиот работен ден или на 23. 06. 2021 година до 12 часот.  
 
Граѓаните кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во РЕДОВНА постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28. 06. 2021 година заклучно со 02. 07. 2021 година. 
 
Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 23. 06. 2021 година до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено издавање на истите.
 
 
Сподели: