Лимитот за плаќање на кеш се зголемува од 500 на 3.000 евра

Сподели

 

Со измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, лимитот за плаќање кеш се зголемува од 500 на 3.000 евра.

Министерството за финансии најпрво го намали прагот за плаќање во готово од 15.000 на 2.000 евра, а потоа се намали на 1.000, а од јуни минатата година на 500 евра.

“Со Предлог на законот за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, ќе се зголеми износот за плаќање со готовина на стоки и услуги во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.”

Измените беа усвоени по скратена постапка во Собранието на 27 декември. За измените гласаа 54 пратеници, немаше против и воздржани.