Вести Македонија Ударни вести

Министерот Спасовски во свое и во име на МВР им ја честита Новата 2020 година на сите граѓани

Сподели:
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во свое и во име на
Министерството за внатрешни работи им ја честита Новата 2020 година на
сите граѓани на Република Северна Македонија, со желби за добро здравје,
успех, среќа и бериќет.
Воедно, министерот Спасовски им ја честита Новата година и на сите
вработени во Министерството за внатрешни работи на Република Северна
Македонија, пожелувајќи им здравје, среќа и успеси на професионален и на
личен план.

 

-“Благодарам до сите македонски полицајци кои беа на работни места додека ние прославуваме чекајќи ја 2020 година. Задоволство е големо затоа што практично и да нема безбедносни ризици во новогодишната ноќ. Тоа е за честитање и за граѓаните затоа што сите заедно достоинствено и без нарушување на јавен ред и мир и беше помината новогодишната ноќ”, изјави министерот Спасовски.

“Во билтенот на СВР Скопје ноќеска има регистрирано само два настани и тоа пред почетокот на забавата. Иако имаше голема прослава без никакви инициденти помина. Имаме неколку настани во делот на сообрќајните несреќи, кои за среќа се без жртви со незначителна штета или повредени. Други настани и во другите сектори кои биле поголем безбедносни проблеми или ризици нема забележано. Безбедноста е на едно високо ниво”, изјави министерот Оливер Спасовски.

Сподели: