Листа на споменици кои ќе бидат означени како споменици од античка Грција

Сподели

Во подготовка е листата на споменици кои ќе бидат преименувани и означени како споменици од античка Грција, која комисијата ќе ја утврди во рок од шест месеци, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Комисија ќе утврди кои се тие споменици. Некои се во центарот на Скопје. Тоа што тие го нарекуваат ‘Воинот на коњ‘, јасно ни е на сите, а и на нас, и уште пред половина година кажавме дека тоа ќе биде ‘Александар Македонски, тоа што всушност е, но листата сѐ  уште ја немаме за да кажеме, рече Бошњаковски.