Министерство за правда за одлуката за “27 април”: Судскиот совет веднаш да реагира

Сподели

 

По вчерашната пресуда на Апелационен суд, за случајот 27 април, каде случајот е вратен на повторно судење, Министерството за правда излезе со реакција и бара Судскиот совет веднаш да реагира.
 
“Очигледно е дека намерните или ненамерните пропусти за суштествени повреди и натаму остануваат дозволива пракса за некои судии. Затоа, неопходно е веднаш да се добие соодветен одговор, зошто ова се дозволува во континуитет, односно зошто во првостепената пресуда не биле утврдени сите спорни околности, ниту битни факти поврзани со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
 
Го повикуваме со најдобра намера Судскиот совет веднаш да реагира и да преземе мерки за утврдување на околностите врз основа на кои е донесена пресудата, да се поведе постапка вклучувајќи ја и  дисциплинска ако се уврди дека некои свесно или несвесно со своите постапки  дозволиле довербата во правосудниот систем да падне на најниско ниво”, реагираат од Министерство за правда.