Локализиран пожарот на Градежен факултет Скопје

Сподели

Пожарот што избувна утринава во зградата на Градежниот факултет во Скопје е локализиран, но единиците на Територијалната противпожарна единици на Град Скопје се уште го гаснат пожарот.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томевски, за МИА изјави дека огнот зафатил три простории на вториот кат од Градежниот факултет.

Според последните информации од терен, пожарникарите се уште интервенираат.

,Засега не се знаат причините за избувнување на пожарот.