Лондон бара независност од Велика Британија и членство во ЕУ

Сподели

london

Десетина илјади граѓани на Лондон денеска потпишаа петиција со која се бара, метрополата да остане во Европската Унија, откако градоначалникот Садик Кан изјави дека претстолнината исто така има право на глас кога станува збор за преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ.

Петицијата насловена „за прогласување на Лондон независен од Обединетото Кралство и приклучување кон ЕУ“ на сајтот „ćange.org“, петицијата ја потпишале повеќе од 40.000 луѓе пренесува агенцијата „АФП“.

На референдумот 52 проценти од Британците се изјаснија за излегување од ЕУ, но во Лондон каде што гласаа 60 проценти од жителите, победи опцијата за останување во ЕУ.

– Лондон е интернационален град и ние сакаме да останеме во срцето на Европа. Со оваа петиција се повикува градоначалникот Садик Кан, да го прогласи Лондон за независен и да поднесе барање за членство во ЕУ- се наведува во петицијата.

Лондон бара независност од Велика Британија и членство во ЕУ