ЕУРО 2016: Озил и Погба ќе финансираат операции на 22 сиромашни деца

Сподели

Фудбалерите Месут Озил и Паул Погба ќе финансираат операции и лекувања на деца од Африка

thumbs_b_c_40869de74171fee8ec92c5c612e99cc0

ИСТАНБУЛ (AA) – Германскиот репрезентативец Месут Озил и фудбалерот на Јувентус Паул Погба за време на ЕУРО 2016 ќе финансираат медицински зафати на 22 сиромашни деца од Африка, пренесува Anadolu Agency (AA).

Озил е дел од кампањата “BigShoe11”. Како се наведува на снимката објавена на социјалната мрежа Твитер, многу е среќен што е дел од кампањата која помага во лекување на децата кои не се во добра материјална состојба.

Фудбалерот познат и по бројните акции на помош на оние на кои тоа им е потребно, рече дека во потполност ќе ги финансира трошоците на оперативните зафати на 11 африкански деца.

Фудбалерот на Јувентус Паул Погба, кој е дел од истата кампања, исто така ќе финансира оперативни зафати на 11 деца.

“‘BigShoe’ им помага на децата. За време на ЕУРО 2016 ќе играм за операциите на 11 деца кои имаат потреба. Тоа се моите 11. Мојот омилен тим”, рече Погба.

AA.COM.TR