ЛП: До каде е истрагата за промашувањето на автопатите?

Сподели

Либералната партија повторно прашува дали е спроведена истрага за промашувањето (несовпаѓањето на проектираната и изведената траса) на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид и каков е нејзиниот тек.

ЛП пред 18 месеци бараше надлежните органи да направат темелна истрага врз геодетските и геолошки компании заради нестручност и грешки во проектната документација, надзорниот орган кој ја дозволил изградбата врз погрешена проектна документација, градежната компанија и нејзините македонски подизведувачи поради употребата на лошите градежни материјали. Исто така баравме да се утврдат и санкционираат одговорните поединци, органи и фирми за грешките во овој проект кој државата ја чини 579 милиони евра, а поради ваквите неприфатливи грешки за светот во XXI век, уште дополнителни 160 милиони евра:

– и по ЗКП (со казна затвор),

– и со имот и средства во висина на штетата која е направена,

– како и со трајно одземање на лиценците за работа во ваков тип на дејност.

Со новите 160 милиони евра издвоени од даночните обврзници за довршување на овие делници, без санкционирање на сите одговорни во овој проект (досега не е санкциониран никој), продолжува периодот на неказнивост карактеристичен за периодот на груевизмот.