ЛШ: Ова се сите патници во 1/4 финалето – Еве кога е ждрепката!

Сподели

Лигата на шампионите ги доби сите патници во четвртфиналето, а синоќа последни кои обезбедија учество се Баерн Минхен и Челзи.

Актуелниот шампиони, германски Баерн и во реваншот го победи Лацио со 2:1 и со вкупни 6-2 избори место во најдобрите осум екипи за оваа сезона.

Стрелци на головите беа Левандовски од пенал во 33 минута, а Чупо-Мотинг во 73 зголеми на 2-0. Конечните 2-1 ги постави Пароло во 82 минута.

Челзи и по вторпат беше подобар од лидерот во шпанската примера тимот на Атлетико Мадрид откако во Букурешт славеше тимот од Лондон со 2-0. Погодија за сините Зијеш во 34 и Емерсон во 94 минута.

Освен Баерн и Челзи, во 1/4 финалето се најдоа уште и Ливерпул, ПСЖ, Порто, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид и Манчестер сити.

Ова 1/4 финале остана осиромашено без италијански тимови, а англичаните се најбројни со три клуба.

Ждрешката за 1/4 финалните парови ќе се одржи утре 19 март во куќата на европскиот фудбал во Нион, Швајцарија со почеток од 12 часот. 

The post ЛШ: Ова се сите патници во 1/4 финалето – Еве кога е ждрепката! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico