Љупчо Палевски – Палчо спроведен во КПУ Шутка

Сподели

Вчера полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција, го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје, информираат од МВР.

Палевски беше пренесен во КПУ Затвор Скопје, откако претходно слета на Меѓународниот аеродром во Скопје со редовна линија Истанбул Скопје.

Љупчо Палевски Палчо е осомничент за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски.Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци.Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне , каде и да сте!