Вести Македонија

Маасикас: Гледам силна решеност за реформи и напредок кон ЕУ

Сподели:
„Импресиониран сум од посветеноста на Владата да го искористи овој моментум. Да се посвети на реформите и отстранување на останатите пречки на патот кон Унијата,“ изјави заменик Министерот за надворешни работи на Република Естонија, задолжен за Европски прашања, Мати Маасикас.
Во просториите на Секретаријатот за Европски Прашања, се оддржа средба меѓу Заменик
Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар
Османи и Заменик Министерот за надворешни работи на Република Естонија, задолжен за
Европски прашања, Мати Маасикас, при што двајцата соговорници имаа обраќање до јавноста.
Во своето обраќање, Вицепремиерот Османи уште еднаш ја потврди детерминираноста на
Владата во отстранувањето на сите пречки кои претставуваат пречка за нашите евроинтеграции –
имплементацијата на Планот 3-6-9, како и затворањето на отворените политички прашања, меѓу
кои се и односите со соседите, но и донесувањето на законот за употребата на јазиците.
„Притоа сакам да истакнам дека Република Македонија гледа оптимистички на претседавањето со
Советот на Европската Унија од страна на Република Естонија до крајот на годината, период кој
нашата држава реши да го посвети на реформите и отстранување на сите пречки кои го
отежнуваат приближувањето на Македонија кон Унијата. Наша цел е, додека трае претседавањето
на Естонија, да ги добиеме првите конкретни чекори од страна на Унијата кои ќе бидат во насока
на визибилноста на европската перспектива на Република Македонија.“ – истакна Османи на
средбата. Тој додаде дека е добро што Република Македонија, на овој пат кон Европската унија,
има пријатели и поддржувачи, и дека Република Естонија ја смета за таков сојузник.

Естонија е подготвена брзо да ги консолидира ставовите на земјите членки на Европската унија доколку Европската комисија даде препорака за почеток на преговори со Македонија или со која било друга земја за време на нашето претседавање со Унијата, порача заменик министерот за надворешни работи на Естонија Мати Маасикас по денешната средба со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во Скопје.

– Поликата на проширување на ЕУ се заснова на консензус на земјите членки кој ги следи препораките на Европската комисија. Затоа не сум во позиција да шпекулирам за можните предлози или препораки на Комисијата, но можам да кажам дека доколку за Македонија или за која било друга земја биде дадена препорака од ЕК за почеток на преговори за време на Естонското претседавање со ЕУ, ние ќе бидеме подготвени брзо да се движиме да ги консолидираме ставовите на земјите членки на Унијата, рече Маасикас, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој нагласи дека ЕУ уште еднаш ја повтори својата поддршка да остане отворена во Римската декларација од март годинава, како и со заклучоците на Европскиот совет што беа усвоени во март.

– Проширувањето е долгорочна и долготрајна политика на ЕУ и е процес според заслуги. Тоа зависи од земјите кандидатки, поточно нивната решителност да се реформираат не само за целите на ЕУ, туку и за самите нив за да бидат подобро место за живеење. Како Естонија сме подготвени да ги споделиме се уште свежите искуства од интеграцијата во ЕУ и во таа смисла ние сме тука заедно со нашите партнери во Претседателството на ЕУ, Австрија и Бугарија каде што сите заеднички се обидуваме да ја спроведуваме политиката на проширување на ЕУ и понатаму, рече Маасикас.

Сподели: