Алтернатива Настани

Ретвитни оброк #122 – Зготви и донеси во сабота!

Сподели:

22.јули, Спомен куќа “Мајка тереза”, во 12:30часот

Ретвитниоброкџии и оваа сабота се во акција! Сите готвиме од дома и во сабота делиме храна на нашите сограѓани! Придружете се на најубавата иницијатива во градот!

За да бидете дел можете:
– Згответе онолку колку сте во можност оброци од дома и спакувајте ги во алуминиумски кутии (можат да се земат од портирницата на Спомен Куќата на Мајка Тереза).
– Можете да донирате намирници (леб, тестенини, месо, грашок, салати, овошје…) и да ги оставите во Freshys – Фрешис
– Сортирајте или згответе јадлива храна која ви останала дома или од прослави, родендени и собиранки, спакувајте ја и донесете ја во 12:30часот во сабота пред Мајка Тереза.

Нашето малку за некого значи многу, да не фрламе храна зошто секој заслужува достоинствен оброк!
За било каква информација, пишете ни на Ретвитни Оброк групата.

Сподели: