Македонија е опасно место за живеење за жените: Новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите

Сподели:

Ние, граѓанските организации, најостро го осудуваме новиот фемицид што се случи во Битола, во кој 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг.

Ова не е изолиран случај. Ова е аларм дека Северна Македонија станува сè понебезбедно место за жените. Загрижувачкиот пораст на фемициди и случаи на семејно и родово базирано насилство покажува дека институционалната заштита е недоволна, реакциите се задоцнети, а ризиците не се препознаваат навреме.

Бараме итна, темелна и транспарентна истрага за случајот во Битола, вклучително и проверка дали претходно имало пријави или сознанија кај институциите. Доколку се утврдат пропусти, мора да има индивидуална одговорност и санкции.

Бараме итни инвестиции во специјализирани сервиси за жртви на насилство низ целата држава, повеќе професионални ресурси во МВР и центрите за социјална работа, како и сериозни превентивни програми во образованието.

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

Платформа за родова еднаквост

Мрежа за заштита од дискриминација

Сподели: