Вести

Македонија – главна точка на Советот на ЕУ в понеделеник

Сподели:

sovet-na-eu2

Советот за надворешни работи на Европската Унија на 20 јуни во Луксембург закажа седница на која ќе расправа за состојбата во Македонија.

Расправата за Македонија е ставена на дневниот ред на седницата како главна точка.

Министрите за надворешни работи на земјите членки ќе расправаат за Македонија по предлог на Сојузна Република Германија и на Велика Британија и треба да дадат препорака во вид на заклучок за ситуацијата во Македонија.

За воведување санкции за Македонија поради политичката криза, треба едногласна согласност да дадат сите земји членки на ЕУ.

Освен за Македонија, министрите за надворешни работи ќе дискутираат за мировниот процес на Блискиот Исток, состојбата во Сахел, интегрираната политика за Арктикот и за тренинг-мисијата за безбедносните сили во Либија.

http://meta.mk/makedonija-glavna-tochka-na-sovetot-na-eu-vo-ponedelenik/

Сподели: