МЗ: Тестирано уште едно лице за корона вирус – резултатот е негативен

Сподели

 

Министерството за здравство информира дека вчера попладнe на корона вирус е тестирано уште едно лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, на кој се покажа резултатот дека е негативен.

Министерот за здравство, Доц. Д-р. Венко Филипче, повикувајќи се на растечкиот број на ново заразени во европскиот регион вчера информираше дека контролата на системот за заштита и превенција во земјава се подигнува на уште повисоко ниво со воведување на „здравствена локатор карта“ за сите патници во авионите на „Wizz Air“ од Милано и Венеција на скопскиот и охридскиот аеродром.

„Ова ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците. Тие ќе остават податоци за тоа на која адреса престојуваат и доколку во некое сценарио се јави некој патник по одреден број денови со симптоми, многу лесно е да ги лоцираме патниците, особено сопатниците кои седеле неколку реда зад и пред заболениот патник во авионот, како што налагаат препораките“, потенцираше министерот Филипче.

Утрово се одржа координативен редовен брифинг со Комисијата за заштита на населението од заразни болести за состојбата со корона вирусот во нашата држава.

На пладне министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи прес конференција.