Македонија и Бразил заемно ги укинаа визите

Сподели

ZNAME

Македонија и Бразил од 27 август заемно ќе ги укинат визите за деловни и за туристички патувања. Визната либерализација ќе се однесува за престој до 90 дена во период од 180 денови.

Размената на дипломатските ноти со кои се дава ослободувањето од краткорочни визи меѓу Бразил и Македонија ја извршија шефот на бразилската дипломатијата, Карлос Алберто Симас Магелиес, и амбасадорот на Република Македонија во Бразил, Ивица Боцевски.