МАКЕДОНИЈА: ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очекува сончево и многу топло време за овој период од годината. Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од 1 до 10 степени, а максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 17 до 26 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска сончево и топло време. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 24 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток претпладне сончево и топло, попладне појава на локална облачност. Утринските температури од 2 до 10 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 17 односно до 26 степени. Во петок малку потопло утро со утрински температури од 3 до 11 степени, а во текот на денот сончево и топло време со максимални температури од 16 до 26 степени. Во сабота и недела претежно сончево со локална облачност но и услови за појава на локални врнежи од дожд и опаѓање на максималните температури. Засега се само услови за врнежи од дожд, а веќе од утре ситуацијата ќе биде многу појасна. Во сабота дневните температури од 16 до 25 степени, додека пак во недела тие ќе се движат од 13 до 22 степени.