Вести Став Ударни вести

Македонски полициски синдикат: БИДИ СОЛИДАРЕН И ТИ!

 

Македонскиот полициски синдикат во името на сите свои членови сака да упати ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ до конфекцијата ЕАМ од Штип кои БЕСПЛАТНО донираа материјал памучно предиво за изработка на маски и модната куќа КУЛИ од Прилеп кои БЕСПЛАТНО  изработија над 15000 петнаесет илјади маски за заштита на вработените во Министерството за внатрешни работи работи.

БЛАГОДАРНОСТ бидејќи како општествено одговорни компании се одважија на повикот на Македонскиот полициски синдикат да помогнат во овие тешки моменти за да се обезбедат 15.000 (петнаесет илјади) маски за заштита кои ние како Македонски полициски синдикат деновиве ќе ги поделиме на вработените во Министерството за Внатрешни Работи кои се први на удар во одбрана на здравјето и сигурноста на граѓаните во оваа глобалната пандемија на Covid-19.

Конфекциите  ЕАМ од Штип  и  КУЛИ од Прилеп се едни од ретките општествено одговорни компании кои докажуваат дека се посветени на активности кои имаат пошироко значење за заедницата.

Со оваа значајна донација, се покренува и свесноста за полињата во кои една компанија може да биде хумана и пред се солидарна.Искрено се надеваме дека и останатите компании во нашата држава ќе го следат овој голем хуман гест.

Сакаме да ја известиме јавноста дека во оваа наша активност помагаат уште неколку компании како рудникот Саса, БЕНТОН НИ, Белдона ММС, Макпрогрес Виница, како и уште неколку конфекции кои најавија дека ќе помогнат. Исто така ние како МПС издвоивме значајна сума на финансиски средства за набавка на гумени ракавици и средства за дезинфекција кои иако во оваа вонредна ситуација се набавуваат тешко, но нашите синдикални преставници ширум Република Северна Македонија секојдевно ги набавуваа со средства на МПС и  ги делат на колегите.

На ваквата наша денешна активност, предходеа неколку наши обиди да го предупредиме МВР за состојбата помеѓу вработените кои секојдневно бараа помош од синдикатот, за што беа направени неколку непосредни контакти со раководтсвото на МВР, каде баравме итно МВР да преку службите за општи и заеднички работи до сите организациони единици во Министерството за внатрешни работи кои што при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, да достави заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде задолжително како и средства за дезинфекција.

За овие активности како што веќе сте запознаени беше известена и целокупната јавност преку неколку соопштенија преку медиумите но, за жал МВР до ден денес не најде до сходно да нѐ повика како репрезентативен синдикат за да се кординираме и да им ја пренесеме изворно состојбата од терен.

Токму од таа причина НИЕ денес од овде од Прилеп градот херој, сакаме да порачаме дека Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат со над 8500 членови од кои над 8000 се припадници на МВР бил и ќе остане на висината на задачата во делот на заштита на правата на од работен однос на своите членови, поради што МВР мора да биде на јасно дека од другата страна за преговори има една силна синдикална организација призната и почитувана како на национално, така и на регионално и меѓународно ниво.

Ќе продолжиме да работиме за доброто на сите вработени во МВР, АР, АНБ и УФП, за доброто на сите наши 8500 членови кои и тоа како ни се важни и на кои незимерно сме им благодарни, затоа што се едни од ретките кои во овие тешки моменти  го даваат  својот максимум – се наведува во соопштението Македонски полициски .

Сподели: