Маричиќ: Повторно ќе бараме екстрадиција на Никола Груевски

Сподели

 

Министерството за правда во наредниот период ќе испрати нови барања за екстрадиција на сторители на кривични дела, за кои има нови околности или обвиненија. Барање за екстрадиција ќе биде испратено и до Унгарија за поранешниот премиер Никола Груевски кој е таму како азилант, информираше денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, на брифинг со новинарите.

„Ние последниве три недели немаме добиено никакви нови одговори. Мислам дека претходно во два наврата имаме побарано екстрадиција, сега ќе побараме повторно согласно новите околности и обвиненија. Одговорите се секогаш исти, мислам дека тоа е нивна политичка проценка и одлука на унгарската влада за задржување на бегалецот Груевски“, – изјави министерот Маричиќ.

Јавното обвинителство го обвини Груевски дека ги организирал насилствата на 27-ми април 2017 година во Собранието. Оттогаш Груевски е во бегство во Будимпешта, а на 27 јуни 2019 година, Судот во Будимпешта одлучи да не го екстрадира поранешниот македонски премиер. Груевски се бара и за издржување на казна и за злоупотреба на службената положба.