Вести Изјави Македонија Ударни вести

Маричиќ: Со овој закон не сакаме да направиме амнестија или помилување

Сподели:

 

Бојан Маричиќ вицепремиер за евроинтеграции и секретар за меѓународна соработка во СДСМ, во емисијата 24 анализа, во врска со застарувањето на 14 предмети со 80 обвинети истакна дека со него не сакале да прават амнестија или помилување.

– Оваа тема не е нова. Во моментот кога се носеше законот за ЈО, каков еден од условите во преодните и завршни одредби и во објаснувањето, Владата како предлагач презеде обврска да се отвори прашањето на КЗ за зголемување на ефикасност на судовите и додефинирање на кривичните дела по примерот на германското законодавство. Со овој закон, ниту неговата цел и краен ефект е било кој случај да биде таргетиран и не сакаме да направиме амнестија или помилување. Овој закон има за цел да додефинира некои кривични дела, да ги нормализира казните, нивото на казни на европско ниво и да ги засили можностите за проширена конфискација. Сакаме таа да се изврши на вистински начин. Не сакаме никого да амнестираме. Се борев случаите на СЈО да имаат судска развршница. Довербата во судството може да расте само со конфискација. Целта е да им се земат парите. Самите што спроведуваат конфискација бараат да се сменат законите за да се олесни конфискацијата – рече Маричиќ.

ТВ 24

Сподели: