Матичарите денес на протест – ќе го блокираат центарот на Скопје од 15 до 17 часот

Сподели

 

Вработените од Управата за водење на матични книги за денес најавија протест со почеток од 15 до 17 часот, со барање на покачување на платите за 30%. Протестотј ќе започне пред Собранието на Северна Македонија и ќе продолжи кон Министерството за правда.

Управата за водење на матични книги попладнево излегува на протест барајќи покачување на платите за 30% .

-Ве известуваме дека по повод штрајкот кој се одвива во управата за водење на матични книги, организиран од Независниот синдикат на управата на 05.05.2022 година дополнително вработените од управата ќе оддржат протест од 15.00 часот до 17.00 часот пред министерството за правда каде ќе бидат блокирани улиците.

Во 16.00 часот пред министерството за правда ќе оддржиме и прес конференција на која ќе ги пренесеме нашите барања”, стои во нивното соопштение до јавноста.