Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, заедно со делегации од Владата, Собранието и Општините, положи венец со свежо цвеќе на спомен-плочата во центарот на Скопје, посветена на албанската нобеловка Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза, по повод 115-годишнината од нејзиното раѓање.
По церемонијата, Меџити изјави дека на 115-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза – Гонџе Бојаџиу, родена во нашето Скопје, се сеќаваме на една од најсветлите фигури на човештвото – мисионерката на љубовта и добитничка на Нобеловата награда за мир.

„Таа нѐ научи дека величината не се мери со функции и моќ, туку со служење, посветеност и љубов кон другиот. Нејзината порака останува водилка за нашата политика и општество – да работиме за мир, правда и солидарност, без да заборавиме никого. Мајка Тереза ни остави света порака – дека љубовта се мери преку делата што ги правиме“, изјави Меџити пред медиумите.
Првиот заменик-претседател Меџити додаде дека целиот свет ја препознава добрината и човечноста на скопските Албанци преку ликот на Мајка Тереза, симбол дека сите разлики меѓу нас стануваат неважни кога делуваме како луѓе. Тој вети дека се гради иднина во која Скопје повторно ќе биде препознаено во светски рамки како центар на висока култура, развиено образование, наука и технологија, со перспектива за младите и хуманизам.


