Меџити: Помошното игралиште на ФК Шкупи е значајна инвестиција за развојот на спортот во Чаир

Сподели:

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го промовираше помошното игралиште изградено на стадионот на ФК Шкупи, инвестиција реализирана целосно од буџетот на Општина Чаир, која создава современи услови за тренинг и развој на фудбалот.

Игралиштето е изградено на површина од околу 3500 м² и е опремено со вештачка трева според современи стандарди, систем за дренажа и целосно осветлување, што овозможува негово користење во текот на целата година за тренинзи и спортски активности.

„Спортот има потреба од квалитетна инфраструктура и конкретна поддршка. Ова помошно игралиште создава подобри услови за младите и за развојот на фудбалот во Чаир, зајакнувајќи ја спортската традиција на овој град,“ истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

По овој повод, Меџити изрази благодарност и до поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и до претседателот на Фудбалската федерација на Северна Македонија, Масар Омерaгиќ, кои го започнаа овој проект.

Оваа инвестиција отвора повеќе можности за младите и за спортот воопшто, создавајќи посериозни услови за развој на таленти и спортски активности во општината.

Сподели: