Вести Македонија Ударни вести

Медицински техничар од Шведска ќе го пренесе искуството на Инфективна клиника

Сподели:

 

Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во нашата држава на 4 август преку Европскиот механизам за цивилна заштита за да им помогне на своите колеги во Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби при нега на пациенти болни од ковид-19, информираат од Министерство за здравство.

Од Инфективната клиника велат дека Јорген одлично се вклопил во работниот процес со своите нови колеги. Тој им ги пренел своите искуства на колегите од нашата држава, а тие му помогнале да се вклучи во работните процеси.

„Незимерно сме благодарни на неговата солидарност и желба за помош и се надеваме дека ваквите иницијативи за меѓусебно помагање ќе продолжат и во иднина,“  изјавуваат од клиниката.

 

 

Неговиот работен ангажман ќе трае еден месец. За целиот овој период тој ќе работи на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Преку Дирекцијата за заштита и спасување, која е главен координатор на Европскиот механизам за цивилна заштита од почетокот на кризата со ковид-19 досега беше реализирана поддршка за повеќе државни институции во нашата земја меѓу кои и за Министерство за здравство.

Сподели: