Медведев: САД и објавија трговска војна на Русија

Сподели

Рускиот премиер Медведев изјави дека САД со воведувањето на новите санкции и објавија трговска војна на Русија

„Надежта дека ќе се поправат нашите однoси со американската администрација заврши“, напиша Медведев на неговиот Фејсбук профил, додавајќи дека е уверен оти мерките нема да имаат ефект и оти Русија без оглед на нив, ќе продолжи да се развива, бидејќи Русија во претходните години научила да напредува во услови на целосно затворени пазари.

Американскиот Конгрес со големо мнозинство усвои закон со кој се воведуваат санкции врз Русија, Иран и Северна Кореја. Законот вчера го потпиша претседателот Доналд Трамп.