Медведев: Западните санкции кон Русија нема наскоро да бидат укинати

Сподели

 

Русија не би требало да се залажува дека западните санкции кон земјата наскоро ќе бидат укинати, изјавил денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев, јавуваат светските агенции.

„Очигледно е дека сето ова ќе трае уште долго. Да не се потпираме на нечиј избор, на нови странски лидери“, рекол Медведев на состанокот на владејачката партија Единствена Русија.

Коментирајќи го неодамнешното интервју на новиот претседател на САД, Доналд Трамп за лондонски „Тајмс“, во кое меѓу другото вели дека би можел да им стави крај на санкциите кон Русија во замена за договор за намалување на нуклеарното оружје, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вчера изјави дека тие две прашања е тешко да се поврзат.

meta.mk