Вести Свет Ударни вести

Меѓународен конвој на совеста: Слобода за жените во Асадовите затвори!

Сподели:

Меѓународен конвој на совеста, кој го покрена група жени за да со тоа го сврти вниманието на светската јавност на проблемот на жените кои се наоѓаат во затворите на сирискиот режим на Башар ал Асад, на 6. март ќе тргне од Истанбул кон границата со Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Целта на Конвојот е да се сврти внимание на проблемот на жените кои се изложени на мачење и силување во затворите на сирискиот режим и да се бара нивно итно ослободување.

Адвокатката Гулден Сонмез, заменик претседател на Движењето за правда и заштита на човекови права (IHAK), на конференцијата за медиумите во Истанбул рече дека во војната во Сирија, која влезе во седма година, загинале блиску милион лица, вклучувајќи деца, жени и постари лица. Многу жени кои се силувани во тие затвори, подоцна, извршиле самоубиство.

Нагласи дека според нивните информации, во сириската војна до сега загинале околу 15 илјади деца, додека 13. 581 жени биле изложени на мачење и грубо постапување во затворите на сирискиот режим.

„Моментално во тие затвори се наоѓаат 6.736 жени, од што 417 девојчиња. Изложени се на мачење и всушност, таму чекаат да починат. Ние сакаме да им помогнеме за да конечно излезат на слобода”, рече Сонмез. Нагласи дека сексуалните напади на жените, измачувањето и незаконското затворање, според меѓународното право и сите религии, претставуваат воено злосторство против човештвото.

„Сирискиот режим во војната која уште трае силувањето го користи како оружје. За жал, за овој проблем речиси никој не зборува. Слушаме плачење на жените во тие затвори. Седум години чекаме некој да направи нешто за ова прашање. Очекуваме државите и организациите кои поседувааат некоја моќ, да направат нешто. Сакаме да го кренеме гласот за ова прашање и конечно нешто да се направи за овие жени”, рече Сонмез.

Истакна дека „Конвојот на совеста” на 6. март со автобуси ќе тргне од Истанбул, а потоа ќе помине преку неколку турски градови и тогаш ќе стаса на границата со Сирија. Планирао е на 8. март на Денот на жените, во Хатај, градот на југот на Турција, до самата граница со Сирија, да биде одржана конференција за медиуми.

Жени од 55 земји како и бројни здруженија и невладини организации, вклучувајќи ја хуманитарната фондација ИХХ, женската организација Кадем, ИХАК, го поддржаа Меѓународниот конвој на совеста.

Сподели: