Меѓународна Детска награда за мир ја доби младиот бегалец од Сирија

Сподели

Мухамед ал Џунде, 16-годишен бегалец од Сирија, ја доби годинешната Детска награда за мир, што ја доделува холандската Фондација за детски права.

Наградата на Џунде му ја врачи младата Пакистанка Малала Јусафзаи, која е добитничка на Нобеловата награда за мир.

Џунде е одликуван поради неговата заложба и работа да се отвори училиште во бегалскиот камп во Либан каде што живее. Семејството на Џунде побегнало од Сирија во Либан во 2012 година, а тој ги организирал роднините и пријателите за да се изгради училиште во кое се предаваат англиски јазик, математика и други предмети.

Околу 11 милиони жители на Сирија се бегалци или внатрешно раселени лица, како последица на граѓанската војна. Од нив, 2,5 милиони се деца.

МИА