Вести

Мексиканскиот претседател Нието: Нема шанси да ја плаќаме изградбата на ѕидот на Трамп

Сподели:

„Безбедноста на САД е условена со безбедност и во соседните земји. Ние мораме да соработуваме со цел да се воспостави безбедност на нашите граници бидејќи сме сопатници и стратешки партнери за безбедноста во Северна Америка”, изјави претседателот Пења Нието.

thumbs_b_c_47a4838bee41b850bccd1f333f725140

ВАШИНГТОН (АА) – Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието порача дека нема шанси Мексико да ја плати изградбата на ѕидот долж границата со САД, како што за време на предизборната кампања предлагаше републиканскиот претендент за претседателски кандидат Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).

За време на внатрепартиската трка за претседателски кандидат на ноемвриските избори во САД, Трамп го обвини Мексико дека во САД праќа „силувачи, дрога и криминал” и најави дека во случај на избор за претседател на САД, би изградил ѕид долж границата со Мексико, а Мексиканците би ги натерал да платат за изградбата на тој ѕид.

Првиот човек на Мексико, Пења Нието во интервју за Си-ен-ен изјави дека генерализацијата на Трамп за Мексиканците е „неприфатлива”.

„Нема шанси Мексико да плаќа за изградбата на такви ѕидови“, порача Пења Нието и додаде дека во секоја земја има криминал и дека задача на властите е со изградба на правна држава и механизам да ги донесат тие криминалци пред лицето на правдата.

Претседателот Нието исто така додаде дека многумина не знаат дека мексиканско-американската граница секојдневно легално ја преминуваат околу милион луѓе од двете страни.

„Безбедноста на САД е условена со безбедност и во соседните земји. Ние мораме да соработуваме со цел да се воспостави безбедност на нашите граници бидејќи сме сопатници и стратешки партнери за безбедноста во Северна Америка”, изјави Пења Нието.

Сподели: