Мексико: Бројот на загинати во земјотресот се зголеми на 61 лице

Сподели

Бројот на загинатите во најсилниот земјотрес што го погоди Мексико во последните 100 години се зголеми на 61, соопштија официјалните лица. Едно лице загинало и во Гватемала.

Властите предупредуваат дека се очекува бројот на загинатите да се зголеми.
Повеќе од 260 силни вторични потреси се регистрирани по катастрофалниот земјотрес со интензитет од 8,2 степена.

Некои од секундарните потреси биле со интензитет од 6,1 степен.

Епицентарот на разорниот земјотрес се наоѓал на 137 километри југозападно од градот Тонала во државата Чапас, на длабочина од 58 километри под површината на земјата, соопшти Националната сеизмолошка служба на Мексико.

Претседателот Енрике Пења Нието додаде дека има и најмалку 200 повредени лица, прогласувајќи ден на жалост.