Хороскоп

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП – ОКТОМВРИ

Сподели:

Овен

Други луѓе и многу обврски поврзани со нив ве очекуваат во текот на овој месец. Оние со деца, ќе се занимаваат со нивните потреби. За останатите со знак или подзнак во Овен, ова е месец на љубов и романтични, ама и конкретни љубовни настани. Посебно во деновите околу 10 октомври, како и на 24 и/или 25 октомври. Ќе се појават и некои непредвидливи ситуации, а поврзани со учење или странство. Ќе вложувате дополнителна енергија на тоа поле, за да расчистите некакви лаги или недоразбирања, загубени документи, и слично.

 

Бик

Активно ви е полето на партнерство и љубов, па искористете ги позитивните вибрации на ѕвездите. Сепак, внимателно во деновите околу 9 и 13 октомври, кога е можно некаква кавга која ќе искрсне од недоразбирање, или пак поради лага искажана без намера да навреди, и слично. Посебно убав ден ќе ви е 21 октомври, кога е можно да се случи некакво зацврстување на односите со партнерот/ партнерката. Во најмала рака, ако односот бил избувлив, ќе се среди.  Крајот на месецот ќе ве дочека во зголемени обврски на работа или по дома.

 

Близнаци

На 13 октомври Марс влегува во вашето поле на партнерски односи и други луѓе, а тоа за вас може да донесе вложување на поголема енергија да ги задржите односите хармонични, или пак едноставно нервозни ситуации поради други луѓе.  Се препорачува внимателност во сите контакти, бидејќи несакајќи ќе ги провоцирате другите на кавга, и посебно во деновите околу 13 и 22 октомври. Лесно до пари овој месец, или поинаку кажано – парите ќе ги заработите на пријатен начин, со работа која ќе ви претставува задоволство да ја завршите. Нагласени се и обврски по дома, посебно во првата половина од месецот.

 

Рак

Пари, љубов, забава, контакти со многумина, за работа или за дружење – тоа ќе се клучните интереси за вас во текот на месец oктомври. Кон крајот на месецот ќе се чувствувате заморени од сите обврски, кои можно е дури и да се зголемат. Како и да е, ќе се чувствувате како притиснати или „заробени“ од сè она што треба да се стори во текот на денот, па ќе се обидете да избегате или да ги заборавите обврските преку зачестена комуникација со пријателите и роднините на некои весели теми.

 

Лав

Овој месец ќе чувствувате многу страст. Без оглед на тоа дали сте во врска или не, ќе си поминувате како никогаш досега, а сексуалната енергија особено ќе биде нагласена. Искористите ја наклонетоста на ѕвездите во ваша поза. Ако сте во долга и сериозна врска – нешто ќе се случи, или ќе раскинете или ќе се решите да ја однесете врската на повисоко, посериозно ниво.

 

Девица

Сонце и Венера шетаат низ вашиот знак, и ќе направат неколку убави аспекти. Тоа за вас драги Девици значи исполнување, стабилизација, добри односи со околината и слично. Со парите ќе ви оди лесно, неколкупати ќе имате можност за дополнителна заработувачка, но ќе доживеете и спротивставување за некоја сума: некој ќе си го побара својот дел од сето тоа, посебно во деновите околу 9 и 13 октомври. За љубов, 10 октомври е ден кога ќе треба да се справите со некоја лага, или ќе решавате недоразбирање со партнерот/ партнерката.

 

Вага

Меркур ќе минува низ вашиот знак од 2 до 27 октомври, а тоа за вас значи дека ќе бидете позборлести од вообичаено. Сепак, внимавајте на договорите, преговорите или потпишувањата, бидејќи постои можност да не ви се познати сите детали. Во деновите околу 13 октомври, некој ќе ве повлече да донесете одлука или да преземете активност што не ви била планирана. Што се однесува до љубовниот живот, комуникацијата со партнерот ќе е поактивна, од било која причина. Можно е вашиот партнер/ партнерка да има потреба што треба да биде завршена со ваша помош, па време е да се вклучите.

 

Шкорпија

Овој месец вашата врска ќе биде на проба. Проблемите кои ќе се појават ќе направат да се запрашате дали навистина сте среќни во врската и дали е тоа што го сакате. Затоа, преиспитајте се себеси и своите очекувања. Силните врски ќе опстанат, додека пак оние слабите – ќе пукнат. Немојте да се брзате за врска или брак, само за да не бидете сами. Слушајте ги своите чувства, желби и потреби. Вие најдобро знаете.

 

Стрелец

Ако овој месец сте во потрага по љубовта, љубовта конечно ќе ве пронајде вас. Време е конечно да го смените својот сингл статус, а есента ќе донесе многу убави моменти во вашата врска, нова или постара и посериозна. Немојте премногу да размислувате, само препуштете се. Зафатените стрелци ќе уживаат како никогаш.

 

Јарец

Она што стагнирало од август до сега, она за што не сте наоѓале доволно храброст или енергија да го завршите, а зависело од вас, сега ќе е време да го завршите. Овој пат ќе знаете како и што треба да се стори, ќе најдете и енергија, и време, и сè што треба за да ги истуркате работите кон позитивен исход. Туѓи пари ќе ви се на располагање, а тоа значи ќе наплатите заостанат долг, или ќе земете позајмица. Комуникација со некој во странство или преку интернет ќе ви донесе некакво олеснување, можеби и решение на некој ваш проблем.

 

Водолија

Нагласени ви се партнерските и пријателските односи, како и туѓи пари. Ќе добиете дополнителна сума пари, но ќе треба да се потрудите и сами да стигнете до неа. Посебно нагласени датуми за такво нешто се 18 и 25 октомври. Во контактот со пријателите ќе треба да покажете дипломатија, бидејќи ова ќе е период кога вашите пријатели ќе ви ги прераскажуваат своите нервозни ситуации. Ако можете да помогнете со совет, добро, но ако не можете со совет, не нудете пари за да се заврши нечија работа, бидејќи ќе останете без таа сума. Од партнерот/ партнерката ве очекува подарок, а може да е и во вид на платено патување.

 

Риби

Месецот вклучете ги вашите одлични преговарачки способности, бидејќи ќе ви донесат успех. Ѕвездите ќе ви бидат наклонети на професионален план и доколку барате нова работа. Со самото тоа и финансиите значително ќе ви се подобрат. А октомври убави денови носи и на љубовно поле. Несогласувањата од минатиот месец конечно ќе се решат, па ќе уживате во друштвото на партнерот. Ако сте сами, тогаш ќе се забавувате речиси цел месец, ќе флертувате, од што ќе се изродат и неколку авантури. За сѐ што ве очекува месецов, ќе ве послужи и здравјето и може да се рече дека почнува новата страница од вашиот живот. А како шлаг на торта нека биде и некое ново парче, а оние во принт месецов се идеални за вас. Во октомври ставете ја удобноста пред елегантноста.

Сподели: