Вести

Мигрантите во близина на метро станица во Париз оформија бегалски камп

Сподели:

thumbs_b_c_a4a7ce4d3dc99c103b1b6c84a2908b78

ПАРИЗ (АА) – Во главниот град на Франција, Париз, бегалците во близина на метро станицата Сталинград оформија бегалски камп, јавува Anadolu Agency (AA).

Бегалците живеат во импровизирани шатори кои речиси не пружаат никаква заштита ниту засолниште.

Покрај тоа можеа да се видат написи на неколку странски јазици, меѓу кои се наоѓаат француски и англиски, на кои е напишано „Бегалците не се опасни, тие се во опасност”.

Меѓународната организација за миграции (ИОМ) соопшти во среда дека од почетокот на оваа година повеќе од 3,400 мигранти и бегалци загинале или се водат за исчезнати во обид да ја поминат границата, од кое 80 отсто се однесува на оние кои по поморски пат се обиделе да стигнат до Европа.

Според податоците на ИОМ повеќе од 210.000 мигранти преку Средоземното море стигнале во Европа од почетокот на годината.

AA.COM.TR

Сподели: