Вести Македонија Ударни вести

Мијалков излегува од притвор

Сподели:

 

Сашо Мијалков, излегува од притвор. Уважена е неговата жалба од Апелација, откако Кривичниот суд му одреди мерка притвор за „Плацеви на Водно“. 

Адвокатите на Мијалков велат дека го добиле решението и дека се очекува негово извршување попладнево со што тој треба да биде на слобода. Со ова велат се потврди дека се во право.

Ова доаѓа откако претходно исто така Апелациониот суд ја прифати гаранцијата дека Мијалков нема да бега која беше во имот вреден 11 милиони евра. Тој беше во притвор уште од февруари годинава, за предметот Трезор, па минатонеделната одлука значење дека ќе излезе на слобода.

Но, истиот ден обвинителката Лиле Стефанова побара притвор по предметот Плацеви на Водно во кој исто така му се суди на Мијалкови, а Кривичниот суд во Скопје го одобри.

Екс началникот има две неправосилни пресуди од вкупно 20 години затвор, и неколку судења кои се во тек.

Сподели: