Спорт

Милан и пресуди на својата легенда – По само 11 меча доби отказ од клубот!

Сподели:

Фудбалскиот клуб Џенова му врачи отказ на Андреј Шевченко од местото тренер на клубот, по нешто повеќе од два месеци од неговото назначување.

фото:AP

Шевченко ја презеде Џенова на 7 ноември минатата година и забележа само една победа во 11 натпревари, со три нерешени и седум порази.

Џенова му се заблагодари на Шевченко и неговиот стручен штаб за работата и најави дека тренерот на играчите до 17 години, Абдулеј Конко ќе го преземе првиот тим како привремен тренер.

Италијанските медиуми го наведуваат Бруно Лабадија, кој е без работа откако беше сменет во Херта пред една година, како наследник на Шевченко на клупата на Џенова.

Шевченко претходно постигна успех со репрезентацијата на Украина, водејќи ја од клупата на 52 натпревари во текот на пет години. Тој минатото лето ја предводеше репрезентацијата до четвртфиналето на Европското првенство.

Џенова во моментов е претпоследна на табелата во Серија А со 12 бодови, пет помалку од Венеција, која е прва над зоната за испаѓање.

Фудбалерите на Џенова во понеделник ќе и гостуваат на Фиорентина во рамките на 22. коло од италијанското првенство.

The post Милан и пресуди на својата легенда – По само 11 меча доби отказ од клубот! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: