Миле Бошњаковски: Постои закон за употреба на знамињата

Сподели

По настанот во Охрид кога на Самоиловата тврдина беше поставено големо албанско знаме од страна на фолклорна група за што беше изречена и судска казна, Бошњаковски рече дека Владата не коментира судски одлуки.

„-Во однос на настанот кој се случи во Охрид, таму имаме судска одлука, а Владата не коментира судски одлуки. Штом судската одлука е таква каква што е очигледно постојат некои прекршувања во однос на законот – изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски по изјавата на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи дека според Законот, албанското знаме може да биде поставено каде било..