Милошоски со бомба против Заев- за Заев ова е неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

 

Антонио Милошоски, на денешната прес-конференцијаго обвини Заев дека  снимката е направена на состанок во Владата во мај 2019, на кој присуствувале „Заев, едно од лицата опфатени со ’Рекет‘ и непознато лице“.

Милошоски изјави дека снимката ја добил од анонимен укажувач, во која според него, снимката укажува дека лидерот на СДСМ од позиција премиер носел одлуки во име на Врховниот суд и дека бил во тесна врска со  поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за сите нејзини одлуки, велејќи дека таа без него не може да постапува самоволно. На аудио снимката и во транскриптите, се споменува името и на врховниот судија Јово Вангеловски и за „паднат“ договор со него и дека цела јасновст знае дека власта стои зад Врховниот суд.

 

https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/484004915614480/

 

“Ова е флагрантно мешање на извршната во судската власт и кршење на многу членови во Кривичниот законик и на принципите на Уставот на државата. Господинот Заев јасно посочува зошто му се брзаше на нелегален начин да се донесе Законот за јавно обвинителство и зошто толку очајно се залагаше 80 пратеници да ги обезбеди да гласаат за да не важат понатаму во иднина нелегално стекнати материјали.“ – изјави Милошоски.

 

 

После објавената снимка на Милошоски, експремиерот Заев изјави:

„Јас во објавените тонски снимки ја коментирам одлуката на Врховен суд за непостапување за предметите од СЈО после јуни 2017 година, состојба со која предметите паѓаа доколку не се изгласаше Законот за јавно обвинителство. Разговорот некој од присутните неовластено го снимал додека се разговара за причините и потребата зошто треба да се донесе Законот за Јавно обвинителство. Toa се веројатно разговори од состаноците кои се водеа со претставници на партиите од власта и опозицијата од албанскиот блок на партии, кога се убедувавме и објаснувавме со групата од осум пратеници од ВМРО ДПМНЕ зошто е важно да се донесе Законот за Јавно обвинителство.”

Според Заев, ВМРО ДПМНЕ не успева да направи конструкција со вадени и вметнувани тонски парчиња во објавената снимка.